Procter & Gamble

Skip to main content

Услови за потрошувачите за користење на веб-сајтовите на Procter & Gamble

Последно ажурирање: Февруари, 2016

СОДРЖИНА

Мрежата од Веб-сајтови (колективно „Веб-сајтови", „Сајтови" или „Сајт") управувана од The Procter & Gamble Company или нејзините филијали, подружници, назначени лица, наследници, марки, даватели на лиценца, иматели на лиценца, и/или застапници („P&G," „Procter & Gamble" или „ние") се состои од различни веб-сајтови и веб-страници. Одредбите, условите и известувањата содржани овде (колективно, „Услови") важат за сите веб-сајтови на P&G. Покрај тоа, конкретни веб-сајтови на P&G или опции и активности кои се нудат на таквите сајтови (како што се промоции и простории за разговор) исто така, може да подлежат на дополнителни услови наведени на таквите сајтови („Дополнителни услови"), од кои сите се вклучени овде по пат на упатување. Ако кој било од условите кои се содржани овде е во спротивност со Дополнителните услови претставени на кој било веб-сајт на P&G, тогаш преовладуваат Дополнителните услови.

ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ УСЛОВИ ПРЕД ДА ГО КОРИСТИТЕ ОВОЈ ВЕБ-САЈТ ИЛИ ДРУГИТЕ ВЕБ-САЈТОВИ НА P&G. Веб-сајтовите на P&G ви се нудат вам („Корисникот") под услов да ги прифатите без измени и условите и важечката изјава за приватност. Со пристапување или користење на овој сајт или кој било друг сајт, се согласувате со овие услови и со важечката изјава за приватност. Доколку не се согласувате со овие услови, не го користете овој сајт или кој било друг сајт.

ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ПРЕДВИД ДЕКА СО ОВИЕ УСЛОВИ СЕ БАРА ОД ВАС ДА ГИ ПОДНЕСУВАТЕ СПОРОВИТЕ НА АРБИТРАЖА И СЕ БАРА СПОРОВИТЕ ДА СЕ РЕШАВААТ САМО ВО ФОРУМ ВО ОКРУГОТ ХАМИЛТОН, ОХАЈО. Ве молиме разгледајте го делот Важечки закони и спорови од овие услови за да добиете повеќе детали.

Назад на врвот.

Приватност

Користењето на веб-сајтовите на P&G исто така, подлежи на изјавата за приватност на потрошувачите на P&G („Изјава за приватност"). Доколку сајтот има дополнителни, посебни одредби за приватност („Дополнителни одредби за приватност"), тогаш користењето на тој сајт подлежи на тие дополнителни одредби за приватност. И Изјавата за приватност на потрошувачите на P&G и дополнителните одредби за приватност претставуваат „Изјава за приватност".

Ние користиме колачиња и други технологии за собирање информации кога ги посетувате нашите сајтови, вклучувајќи ја вашата ИП-адреса, веб-страниците кои ги гледате и линковите на кои кликнувате. Исто така, користиме дигитални колачиња во електронските пораки кои ви ги испраќаме за да нè известат дека сте ги добиле. Можете да ги избришете и да ги одбиете колачињата во вашиот веб-прегледувач. Може да ги користиме овие информации, заедно со информациите кои ни ги обезбедувате во текот на процесот на регистрирање на сајтот или на друг начин, за да ви испраќаме информации кои може да ви бидат од интерес во согласност со нашата изјава за приватност. Кликнете овде за да добиете повеќе информации околу колачињата.

Назад на врвот.

Измена на услови

Одвреме-навреме, P&G може да ги промени овие услови. Кога ќе го сториме тоа, линијата „Последно ажурирање" погоре ќе биде ревидирана. Вие сте одговорни за редовно прегледување на овие услови. Вашето континуирано користење на сајтот по објавувањето на промените на условите означува ваше прифаќање на тие ревизии.

Назад на врвот.

Лична употреба на сајтовите

Сајтот е само за ваша лична и некомерцијална употреба, освен ако не е поинаку наведено. Не смеете да менувате, копирате, дистрибуирате, пренесувате, прикажувате, изведувате, репродуцирате, објавувате, лиценцирате, да создавате изведени дела, да префрлате, или да продавате што било од содржината или комуникациите истакнати или прикажани на сајтот („Содржина"), вклучувајќи, без ограничување, текст, прикази, фотографии, слики, подвижни слики, звук, илустрации, информации, софтвер, производи или услуги и нивни аранжмани, освен како што е изречно дозволено овде. Признавате дека секоја неовластена употреба на која било содржина би можела да ни предизвика непоправлива штета и се согласувате дека во случај на таква неовластена употреба, ќе имаме право на забрана, покрај кои било други правни лекови кои се достапни во законот или како што е правично. Предмет на кои било изречно наведени рестрикции или ограничувања на сајтот поврзани со конкретен материјал, можете електронски да копирате и/или испечатите делови од содржината исклучиво за сопствена некомерцијална употреба или за да доставите нарачка до нас. Строго е забранета секаква друга употреба на содржината, вклучувајќи менување, репродуцирање, дистрибуирање, повторно објавување, прикажување или пренесување на која било Содржина, без наша претходна писмена дозвола.

Се согласувате да не собирате и/или користите какви било описи на производ, слики, листи или цени, освен за своја лична некомерцијална употреба или за да доставите нарачка до нас.

Се согласувате дека нема да репродуцирате, удвојувате, копирате, продавате, препродавате или користите за кои било комерцијални цели, каков било дел од сајтот или да го користите или пристапувате до сајтот, вклучувајќи, без ограничување какво било „извлекување" или користење каков било робот, пајак или други автоматски средства. Забрането е работење или прикажување на овој сајт или на кои било информации или материјали прикажани на овој сајт во рамки, преку „инлајн" поврзување или преку слични средства на друг веб-сајт без наша претходна писмена дозвола. Сите дозволени линкови до овој веб-сајт мора да бидат во согласност со важечките закони, правила и прописи. Не смеете да користите никакви мета-тагови или друг „скриен текст" кој го користи нашето име или која било од нашите трговски марки, или трговски марки на кој било производител на производи претставени на овој сајт, без изречна писмена дозвола. Покрај тоа, се согласувате дека нема: (а) да преземете никаква активност која, според наша проценка, предизвикува или може да предизвика неразумно или непропорционално големо оптоварување на нашата инфраструктура; (б) да се мешате или да се обидете да се мешате во соодветното функционирање на сајтот или на кои било активности кои се спроведуваат на сајтот; или (в) да ги заобиколувате мерките кои може да ги употребиме за да го спречиме или ограничиме пристапот до сајтот.

Назад на врвот.

Поднесоци од корисниците

Со овие услови се регулира вашето однесување, вашите права и правата на P&G во врска со кој било текст, фотографија, видео, пост, комуникација, музика, аудио/звучна снимка, илустрации, рејтинзи, критики или други материјали или информации кои ги создавате, поврзани со веб-сајтовите на P&G („поднесок"). Кога ќе поднесете поднесок, се согласувате на следново:

вашиот поднесок е оригинален, точен, создаден од вас и не е имитација;

моментално сте bona fide корисник на производот(ите) на P&G спомнати во вашиот поднесок и вашиот поднесок го отсликува вашето вистинско мислење и сегашното искуство со производот(ите) на P>

сте полнолетни, или, доколку сте малолетни, вашиот родител или старател дава согласност за вашиот поднесок;

не сте вработен на P&G ниту пак работите за филијала или агенција на P&G ангажирани од P&G за промовирање и/или продавање на производите на P> ИЛИ, ако сте вработен на P&G или работите за филијала или агенција на P&G ангажирани од P&G за промовирање и/или продавање на производите на P&G, се согласувате да вклучите јасен и видлив приказ на вашата врска со P&G во вашиот поднесок;

вашиот поднесок (или кој било дел од него) не е вклучен ниту планиран за употреба во кои било други рекламни или промотивни материјали, за P&G или за која било трета страна;

вашиот поднесок се врши без да ви е извршено какво било претходно плаќање или дадено ветување за плаќање или без ваше очекување за какво било плаќање за возврат на вашиот предложен поднесок. Вашиот поднесок исто така, се прави без да ви е дадена каква било бенефиција или очекување за каква било идна бенефиција, освен можноста вашиот поднесок да се користи за промотивни цели на P&G. Или, доколку сте примиле каква било бенефиција, јасно ги откривате деталите на бенефицијата во вашиот поднесок;

вашиот поднесок не е лажен, заведувачки, навредлив, лаички, вулгарен, развратен, понижувачки, потценувачки, клеветнички, лажлив, или на друг начин несоодветен;

вашиот поднесок не вклучува содржина со која се повредува авторското право, патентот, трговската марка, трговската тајна, правото на публицитет, правото на приватност, моралните права, и/или кое било друго важечко лично или сопственичко право на која било трета страна;

вашиот поднесок не вклучува содржина која го прекршува кој било закон, статут, уредба или пропис или содржина која вклучува, поттикнува, се залага или дава инструкции за однесување кое би претставувало кривичен или граѓански прекршок според кој било закон, статут, уредба или пропис;

вашиот поднесок не содржи материјал или содржина која е или може разумно да се смета дека е говор на омраза, без оглед дали е насочен кон поединец или кон група, или која е на друг начин незаконски заканувачка или незаконски вознемирувачка за кој било поединец, партнерство, корпорација или политичко тело;

вашиот поднесок не вклучува содржина или материјали наменети за одвлекување на внимание или за заведување други лица, како на пример објавување повеќе поднесоци во обид да се монополизира форумот или објавување поднесок што не е поврзан со назначената тема или содржина на форумот;

вашиот поднесок не вклучува содржина која вклучува веб-сајтови, адреси, електронски адреси, информации за контакт, телефонски броеви, други информации или мислења на трети страни за идентификуван поединец или поединец кој разумно може да се идентификува или приватни информации (вклучувајќи чувствителни информации) без добивање претходна согласност од тој поединец за споделување на таквите информации со P>

вашиот поднесок не содржи програма или материјали кои содржат тројански коњи, вируси, „црви", штетен код или други потенцијално опасни информации, програми или датотека; и

со користењето на вашиот поднесок од P&G не се прекршуваат овие услови и тоа нема да предизвика повреда на кое било лице или субјект.

Доколку поднесокот е поврзан на кој било начин со промоција, лотарии, натпревари, награди или слична програма, може да важат дополнителните услови. Сите мислења, совети, изјави, услуги, понуди или други информации содржани во поднесоците кои се изразени или достапни на сајтовите припаѓаат на соодветниот автор(и) или дистрибутер(и), а не на P&G. Ние ниту ја потврдуваме ниту ја гарантираме точноста, целосноста или корисноста на кој било таков поднесок.

P&G не ги ревидира и не може да ги ревидира сите поднесоци кои се објавени или создадени од корисниците кои пристапуваат на сајтот и на ниту еден начин не е одговорен за содржината на овие поднесоци. Признавате дека, со тоа што ви дава можност да ја видите и дистрибуирате содржината генерирана од корисниците на сајтот, P&G настапува само како пасивно средство за тоа дистрибуирање и не презема никаква обврска во врска со кои било поднесоци или активности на сајтот. P&G нема да има никаква обврска за постирање или користење на ниту еден поднесок(ци). P&G го задржува правото за блокирање или отстранување на поднесоци и/или корисници за кои ќе утврди дека се (a) навредливи, клеветнички, или непристојни, (б) лажливи, измамнички, или заведувачки, (в) во спротивност со авторските права, трговската марка; други права од интелектуална сопственост или (г) во спротивност со кој било закон или прописи или (д) навредливи или на друг начин неприфатливи за P&G по негова сопствена проценка. Имајте предвид дека сите информации кои може да идентификуваат лице кои може да ги објавите или пренесете, Procter & Gamble ќе ги третираат во согласност со Изјавата за приватност на Procter & Gamble.

Освен за кои било информации кои може да идентификуваат лице кои може да ги собереме од вас во согласност со насоките утврдени во нашата Изјава за приватност, секој поднесок ќе се смета за недоверлив и несопственички. P&G нема да има обврски во врска со поднесоците.

Со поднесување поднесок, на P&G му го гарантирате секое од следниве:

неексклузивно, светско, постојано, неотповикливо, целосно исплатено, без надомест за авторски права, целосно слободно за подлиценцирање и преносливо право и лиценца за користење, следење, прегледување, репродуцирање, модифицирање, адаптирање, објавување, преведување, создавање изведени дела, дистрибуирање, пренесување, изложување, и изведување на тој поднесок(ци), целосно или делумно, во кој било медиум, формат или технологија, онлајн или офјалн, без оглед дали е сега познат или понатаму ќе се открие, и на кој било начин кој вклучува, но не е ограничен на секое промотивно, јавно гледање или коментирање (без оглед дали на веб-страниците на P&G или на веб-страниците на трета страна), рекламирање, маркетинг, промоција, публицитет, и комерцијални употреби и дополнителни употреби, без да е потребно какво и да е понатамошно известување или плаќање или дозвола од вас (освен каде што е забрането со закон);

неограничено, светско, постојано, неотповикливо, целосно исплатено, без надомест за авторски права, целосно слободно за подлиценцирање и преносливо право за користење на вашето име, прекар, корисничко име, библиографска информација, гласовни снимки од вас и/или кои било илустрации, фотографски или видеографски клипови, потрети, сличности или и слики од вас или кои било други знаци на вашето право на права од публицитет (колективно „ваша лична содржина") како што се содржани во вашиот поднесок(ци), во комбинирана или искривена форма или како што се на друг начин инкорпорирани во други креативни авторски дела, во кој било медиум, формат или технологија, онлајн или офлајн, без оглед дали е сега познат или понатаму ќе се открие, и на кој било начин кој вклучува, но не е ограничен на секое промотивно, јавно гледање или коментирање (без оглед дали на веб-страниците на P&G или на веб-страниците на трета страна), рекламирање, маркетинг, промоција, публицитет, и комерцијални употреби и дополнителни употреби, без да е потребно какво и да е понатамошно известување или плаќање или дозвола од вас (освен каде што е забрането со закон).

Исто така, се согласувате дека се откажувате од сите морални права како што се содржани во вашиот поднесок(ци) за која било од предложените употреби наведени погоре.

Со поднесување на поднесокот, се согласувате да ги ослободите, заштитите и обесштетите во ваше име и во име на вашите наследници, назначени лица и претставници, P&G и секој од неговите службеници, директори и вработени од и против кои било и сите тврдења, тужби, дејства, барања, обврски и штети од каков било вид кои би произлегле од или во врска со користењето на таквиот поднесок, вклучувајќи, без ограничување на сите и кои било тврдења за лажно рекламирање, повреда на авторските права, нарушување на приватноста, повреда на правото на публицитет или на моралните права, и/или клеветење. Без да се ограничува горенаведеното, во ниту еден случај немате право, и се откажувате од правото да налагате, ограничувате или да се мешате во користењето на поднесокот или на вашата лична содржина вградена во таквиот поднесок или експлоатирањето на кои било од правата на P&G како што е наведено погоре.

Разбирате дека P&G се потпира на вашите претставувања, давање права, откажувања и ослободувања во писмена форма за да ви дозволи да поднесете поднесок. Признавате дека не смеете да ги прекинете или поништите давањата права и лиценци и/или ослободувања содржани во овој Договор.

P&G не гарантира дека ќе имате можност да го уредувате или избришете вашиот поднесок. Признавате дека вие, а не P&G, сте одговорни за содржината на кој било поднесок(ци).

Назад на врвот.

Кодекс на однесување

Со пристапувањето или користењето на кој било сајт или која било друга можност дадена преку нашиот сајт, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на тоа, кога поднесувате поднесок до нашиот сајт, се согласувате да се придржувате до следниве стандарди на однесување. Се согласувате дека вие самите нема да се обидете и нема да овластите или да помогнете каков било обид од друго лице за:

  • Користење на сајтот спротивно на овие услови;

  • Репродуцирање, дуплирање, копирање, продавање, препродавање или користење за кои било комерцијални цели, кој било дел од кој било сајт или користење или пристап до сајтот;

  • Вознемирување, заканување, демнење или намерно посрамотување или предизвикување загриженост кај друго лице или субјект;

  • Претставување како друго лице или субјект;

  • Промовирање, барање или учествување во какви било мултилевел-маркетинг или пирамидални шеми;

  • Барање информации кои идентификуваат лице или експлоатирање на кој било поединец помлад од осумнаесет (18) години;

  • Вклучување во прекинувачка активност како што е испраќање повеќе пораки во обид да се монополизира форумот или да се објави неповрзана тема со онаа што е назначена на форумот;

  • Воведување вируси, црви, тројански коњи, штетен код или каков било софтвер или други материјали кои содржат компонента што е штетна за веб-сајтот;

  • Стекнување неовластен пристап до кој било компјутерски систем или нејавен дел од сајтовите или мешање или прекинување на сајтовите, серверите или мрежите поврзани со сајтовите;

  • Нарушување на приватноста на кое било лице, вклучувајќи објавување информации со кои може да се идентификува лице или информации кои се на друг начин приватни или чувствителни за лицето без негова согласност или собирање информации со кои може да се идентификува лице за корисниците на сајтовите;

  • Вклучување, поттикнување, застапување, давање инструкции или дискутирање со намера да се предизвика однесување кое би претставувало кривичен или граѓански прекршок или на друг начин би се нарушил кој било федерален, државен, локален или меѓународен закон или пропис.

P&G не може и не гарантира дека другите корисници го почитуваат или ќе го почитуваат горенаведениот кодекс на однесување или кои било други одредби на овие услови, и како меѓу вас и нас, со ова вие го преземате целиот ризик од штета или повреда кој резултира од таквото непочитување.

Назад на врвот.

Локациите може да содржат линкови до други сајтови на Интернет кои се во сопственост и се управувани од трети страни („надворешни сајтови"). Дури и ако третата страна е поврзана со P&G, P&G нема контрола над овие надворешни сајтови, од кои сите имаа посебни политики на приватност, практики на собирање податоци и услови независни од P&G. P&G нема одговорност за овие независни политики или активности и не е одговорна за практиките на приватност, одредбите и условите или содржината на таквите веб-сајтови. Овие поврзани сајтови се само за ваша погодност и според тоа, пристапувате до нив на ваш ризик. Линковите не имплицираат дека P&G спонзорира, потврдува, е поврзана, или дека е законски овластена да ја користи која било трговска марка, заштитено име, службена ознака, дизајн, лого, симбол или други авторски материјали прикажани или достапни преку тие надворешни сајтови.

Ако одлучите да споделите информации за производите на P&G преку социјална мрежа, вклучително преку линковите дадени од P&G преку сајтот, можеби ќе можете да објавувате такви информации директно на вашиот профил на социјалната мрежа без да излегувате од сајтот. Некои социјални мрежи овозможуваат функционалност која му овозможува на корисникот да прима и пренесува податоци до социјалната мрежа преку користење преклопувања или друга технологија. Иако може да се чини дека податоците ги собира P&G, податоците всушност директно ги собира социјалната мрежа и/или трет давател на услуги. Вашето користење на социјалната мрежа за споделување информации подлежи на одредбите, условите и ограничувањата на таа социјална мрежа и вие мора да ги почитувате.

Назад на врвот.

Географски опфат на сајтот и на тврдења за производите

P&G ги контролира и управува локациите од Соединетите Американски Држави. Секое тврдење или изјава за ефективноста на производите на P&G и/или секое тврдење или изјава со кои се споредува ефективноста на производите на P&G со ефективноста на други производи изречно се ограничува на Соединетите Држави, освен ако не е поинаку наведено на сајтот. Освен ако не е поинаку наведено на или од сајтовите, сајтовите се наменети за промовирање само на оние производи на P&G кои ги продава P&G во Соединетите Држави и нивните територии, и P&G не врши претставувања дека материјалите на нејзините веб-сајтови или производите опишани таму се соодветни или достапни за користење на други локации.

P&G не врши претставувања дека содржината на кој било сајт е соодветна или достапна за користење на локации надвор од државата Охајо. Се забранува пристапот до сајтовите од териториите каде нивната содржина е нелегална. Оние кои ќе одлучат да пристапат до сајтовите од локации надвор од Охајо го прават тоа по сопствена иницијатива и на сопствен ризик и се одговорни за почитување на важечките локални закони. Не смеете да ја користите или извезувате содржината спротивно на американските закони и прописи за извоз.

Назад на врвот.

Електронски комуникации

Кога ја посетувате овој сајт или кога ни испраќате електронска пошта, вие комуницирате со нас по електронски пат. Ние, според наша проценка, може да комуницираме со вас по електронски пат, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, постирање известувања на сајтовите или одговарајќи на вашата електронска пошта. Се согласувате дека сите договори, известувања, објавувања или други комуникации кои ви ги обезбедуваме по електронски пат ги задоволуваат сите законски услови според кои тие комуникации треба да се во писмена форма.

Назад на врвот.

Политики на купување на P&G

Веб-сајтовите на P&Gможе да ви понудат можност да купите производи и да управувате со купувањето преку сајтот. Политиките за купување на P&G ( http://www.pgshop.com/pgshop_us-pgshop_us-customer-service-pgshop-terms/pgshop-policy.html ) важат за вашето користење на сајтот за државјаните на 50-те држави на Соединетите Американски Држави и Округот Колумбија за купување производи и управување со купувањето. Со користење на сајтот, се согласувате со политиките за купување на P&G кога е применливо.

Назад на врвот.

Содржина на сајтот - Одрекување

Материјалите на сајтот (вклучувајќи кои било слики, софтвер, препораки или други материјали) и сите материјали кои се достапни преку сајтот се даваат „како што се" и без гаранции од каков било вид, изречни или имплицирани. До највисок можен степен кој е дозволен според важечките закони, P&G се одрекува од сите гаранции, изречни или имплицирани, вклучувајќи но не ограничувајќи се на, сите имплицирани гаранции за соодветност за продажба, соодветност за конкретна цел, назив и непрекршување на правата. P&G ниту гарантира ниту врши претставувања во врска со користењето или резултатите од користењето на материјалите на сајтот во поглед на нивната коректност, точност, сигурност или друго. Материјалите на сајтот може да вклучуваат технички неточности или типографски грешки. Овие материјали може да бидат неточни или да станат неточни како резултат на настаните кои се случиле по нивните соодветни датуми. P&G не презема никаква обврска за потврдување или одржување на точноста на таквите информации. Бидејќи некои јурисдикции не дозволуваат ограничувања на тоа колку долго трае имплицираната гаранција, или исклучувањето или ограничувањето на обврската за последични или случајни штети, горенаведените ограничувања може да не важат за вас.

Назад на врвот.

Функционирање на сајтот - Одрекување

P&G настојува да го одржува сајтот и неговото работење, но не е, и не може да биде одговорна за резултатите од кои било дефекти кои може да постојат на сајтот или во неговото функционирање. Што се однесува до функционирањето на сајтот, P&G изречно се оградува од сите гаранции, изречни или имплицирани, вклучувајќи но не ограничувајќи се на сите имплицирани гаранции за соодветност за продажба, соодветност за конкретна цел, назив и непрекршување на права. P&G не дава гаранција дека (i) функционирањето на сајтот ќе ги исполни очекувањата на корисникот; (ii) пристапот до сајтот ќе биде непрекинат, навремен, сигурен, без вируси, црви, тројански коњи или други штетни компоненти, или без дефекти или грешки; (iii) резултатите кои може да се добијат од користењето на сајтот ќе бидат точни или сигурни; или (iv) дефектите ќе бидат поправени. Вие (а не P&G) го преземате целиот трошок за целото сервисирање, поправка или коригирање кое може да биде потребно за вашата компјутерска опрема и софтвер како резултат на кои било вируси, грешки или какви било други проблеми кои може да ги имате како резултат на посетата на сајтот. Бидејќи некои јурисдикции не дозволуваат ограничувања на тоа колку долго трае имплицираната гаранција, или исклучувањето или ограничувањето на обврската за последични или случајни штети, горенаведените ограничувања може да не важат за вас.

Назад на врвот.

Ограничување на одговорност

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ P&G НЕ Е ОДГОВОРНА ЗА КОЈА БИЛО ДИРЕКТНА, ИНДИРЕКТНА, ПОСЕБНА, КАЗНЕНА, СЛУЧАЈНА, ПРИМЕРНА ИЛИ ПОСЛЕДИЧНА ШТЕТА, ИЛИ КАКВА БИЛО ШТЕТА, ДУРИ И АКО P&G БИЛА ПРЕТХОДНО ИЗВЕСТЕНА ЗА МОЖНОСТА ЗА ТАКВА ШТЕТА, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ ВО АКТИВНОСТ СПОРЕД ДОГОВОР, НЕБРЕЖНОСТ, ИЛИ КОЈА БИЛО ДРУГА ТЕОРИЈА, КОЈА НАСТАНУВА ИЛИ Е ВО ВРСКА СО КОРИСТЕЊЕТО, НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ ИЛИ ИЗВРШУВАЊЕТО НА ИНФОРМАЦИЈАТА, УСЛУГИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ, И МАТЕРИЈАЛИТЕ ДОСТАПНИ ОД ОВОЈ САЈТ. ОВИЕ ОГРАНИЧУВАЊА ВАЖАТ БЕЗ ОГЛЕД НА НЕЕФЕКТИВНОСТА НА СУШТИНСКАТА ЦЕЛ НА КОЈ БИЛО ОГРАНИЧЕН ПРАВЕН ЛЕК.

Доколку горенаведеното ограничување на одговорноста се смета за неспроведливо, максималната одговорност на провајдерот кон вас не го надминува износот што сте го платиле за производите и услугите кои сте ги нарачале преку сајтот. Некои јурисдикции не дозволуваат ограничување или исклучување на одговорноста за одредени штети, така што горенаведените ограничувања и исклучување може да не важат за вас до оној степен до кој законот на таа јурисдикција важи на овие Услови. Ако законот важи за вас и вашето користење на сајтот не дозволува ваше откажување од кои било права или правни лекови, овие услови не бараат од вас да се откажете од кои било такви права.

Назад на врвот.

Обесштетување

Се согласувате да ја обесштетите, браните и заштитите P&G, нејзините службеници, директори, вработени, застапници, даватели на лиценци снабдувачи од сите загуби, издатоци, штети и трошоци, вклучувајќи ги разумните адвокатски давачки, кои резултираат од кое било ваше прекршување на условите, вашето користење на сајтот (вклучувајќи небрежно или лошо однесување) и/или користењето на сајтот за кој сте се регистрирале од страна на друго лице кое ја користи вашата корисничка сметка.

Назад на врвот.

Важечко право и спорови

До оној степен до кој е дозволено со закон, условите се регулираат и се толкуваат во секој поглед во согласност со материјалните закони на државата Охајо, САД, без оглед на нејзиниот избор на законски одредби, а не со Конвенцијата на ОН за договори за меѓународна продажба на стоки од 1980 година. Се согласувате дека освен како што е наведено овде, сите спорови кои директно или индиректно настануваат или се поврзани со Условите или сајтот (вклучувајќи го купувањето производи на P&G преку сајтот) се разрешуваат исклучиво во државните или федералните судови кои се наоѓаат во округот Хамилтон, Охајо. Со ова неотповикливо се согласувате на тоа место и на ексклузивна јурисдикција на кој било таков суд околу таков спор.

Без оглед на горенаведеното, се согласувате дека P&G, по своја сопствена проценка, може да побара од вас да ги поднесете сите спорови кои директно или индиректно настануваат или се поврзани со условите или со сајтот исклучиво до конечна и обврзувачка арбитража која се одржува во Синсинати, Охајо во согласност со Меѓународните правила за арбитража на Американската арбитражна асоцијација, од страна на еден или повеќе арбитри назначени во согласност со наведените правила. Меѓутоа, без оглед на тие правила, таквите постапки се регулирани од законите на државата Охајо, САД. Секоја одлука во која било арбитража иницирана според овој документ е ограничена на парични обесштетувања и не вклучува забрана или налог до која било страна освен наложување да плати паричен износ. Покрај тоа, арбитерот(арбитрите) немаат овластување да досудуваат казнени, последични или други обесштетувања кои не се мерат со фактичките штети на доминантната страна во која и да е арбитража иницирана во согласност со овој дел, освен како што може да се бара со пропис.

Секоја ваша тужба или побарување, кои директно или индиректно настануваат или се поврзани со условите или со сајтот (вклучувајќи го купувањето производи на P&G преку сајтот) мора да започне во рок од една (1) година по настанување на побарувањето или на причината за тужбата.

Изјавата за приватност обезбедува посебни опции за поединците да поднесат поплаки во врска со Изјавата за приватност и нивните лични информации.

Назад на врвот.

Нема откажување

Ниту еден неуспех од страна на P&G да го спроведе кој било дел од условите не претставува одрекување од кое било право на P&G во согласност со условите, без оглед дали е од страна на лицето или идни тужби од страна на кое било лице. Ниту примањето на кои било средства од страна на P&G ниту потпирањето на кое било лице на активностите на P&G нема да се смета за одрекување од кој било дел од условите. Само конкретно, писмено одрекување потпишано од овластен претставник на P&G има правно дејство.

Назад на врвот.

Авторски права и трговски марки

Целата содржина вклучена на овој сајт, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, дизајн, слики, интерфејси или код и нивниот избор и аранжирање е заштитено со авторски права како колективно дело во согласност со законите за авторски права на Соединетите Држави и други закони за авторски права, и е сопственост на P&G. Колективното дело вклучува дела кои се лиценцирани на P&G. Авторско право 2000-2015. СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ. Сите трговски марки, услужни марки, и трговски имиња (колективно „марки") се трговски марки или регистрирани трговски марки и се сопственост на Procter & Gamble, или на други соодветни сопственици кои и дале на P&G право и лиценца за користење на таквите марки.

Назад на врвот.

Преземен софтвер

Ако преземете софтвер од сајтот, софтверот и сите датотеки, слики и податоци поврзани со софтверот (колективно, „софтвер") ќе биде лиценциран на вас од страна на P&G. Вие не го поседувате преземениот софтвер, а P&G не ви ја префрла сопственоста на софтверот. P&G ја задржува целосната сопственост и правото на преземениот софтвер и сите права од интелектуална сопственост поврзани со софтверот. Не смеете да го редистрибуирате, продавате, раздвојувате, да вршите обратен инженеринг, да го расклопувате или на друг начин да го сведувате софтверот на разбирлива форма. Софтверот што е преземен од сајтот подлежи на законите за контрола на извозот на Соединетите Држави. Ако преземете софтвер од Веб-сајтовите, вие тврдите и гарантирате на P&G дека не постапувате спротивно на тие закони.

Назад на врвот.

Мобилни

Сајтот може да понуди можности и услуги кои ви се достапни преку вашиот мобилен телефон. Овие можности и услуги може да вклучуваат, без ограничување, способност да се прелистува сајтот од вашиот мобилен уред, да се поставува содржина на сајтот, да се примаат пораки од сајтот, да се преземаат апликации на вашиот мобилен телефон или да се пристапува до можностите на сајтот (колективно, „мобилни можности"). Ние може да наплаќаме за мобилните можности и овие давачки ќе бидат објавени пред завршувањето на регистрирањето за мобилната можност. Исто така, вашиот оператор може да наплаќа за стандардни пораки, податоци и други давачки. Провизиите и трошоците ќе бидат прикажани на вашата сметка за мобилен телефон или ќе ви бидат одземени од припејд-салдото. Вашиот оператор може да забрани или да ограничи одредени мобилни можности, а одредени мобилни можности може да се некомпатибилни со вашиот оператор или мобилен уред. Контактирајте со вашиот оператор доколку имате прашања во врска со овие проблеми. Како што е применливо, инструкциите за тоа како да откажете одредени мобилни можности ќе бидат објавени во врска со тие мобилни можности. Инструкциите вообичаено ќе бараат од вас да испратите порака со клучен збор (на пример, „СТОП", „ОТКАЖИ", „КРАЈ", „ОТКАЖИ ПРЕТПЛАТА", „ПРЕКИНИ" итн.) до применливиот краток код на мобилната можност.

Се согласувате дека мобилните можности за кои сте регистрирани може да испраќаат комуникации до вашиот мобилен уред во врска со P&G или други страни. Покрај тоа, може да собираме информации во врска со вашето користење на мобилните можности.

Назад на врвот.

Известувања и процедури за давање изјави за повреда на авторско право

Според Наслов 17, Законик на Соединетите Држави, Дел 512(c)(2), треба да се испратат известувања за повреда на авторските права до назначениот застапник на сајтовите. СИТЕ ПРАШАЊА КОИ НЕ СЕ РЕЛЕВАНТНИ ИЛИ НЕ СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО СЛЕДНАВА ПРОЦЕДУРА НЕМА ДА ДОБИЈАТ ОДГОВОР.

P&G ја почитува интелектуалната сопственост на другите и бараме од нашите корисници и посетители да го сторат истото. P&G ќе ги процесира и испита сите известувања за наводна повреда и ќе преземе соодветни активности во согласност со Дигиталниот милениумски закон за авторски права („DMCA") и другите важечки закони од интелектуална сопственост. Откако ќе прими известувања во согласност со DMCA, P&G ќе го отстрани или оневозможи пристапот до кој било материјал за кој ќе се утврди дека ги повредува авторските права или за кој ќе се утврди дека е предмет на активност на повреда и ќе го отстрани или оневозможи пристапот до кое било упатување или линк до материјал или активност за која ќе се утврди дека ги повредува авторските права.

Ако сметате дека вашето дело е копирано на начин кој претставува повреда на авторските права, ве молиме обезбедете и ги на P&G следниве информации. Ве молиме имајте предвид дека за да биде ефективно, вашето известување мора да вклучува СÈ од следново:

  1. физички или електронски потпис на лицето кое е овластено да настапува во име на сопственикот на ексклузивното авторско право кое наводно е повредено;

  2. опис на авторското дело за кое тврдите дека е повредено;

  3. опис на тоа каде на сајтот се наоѓа материјалот за кој тврдите дека е повреден;

  4. вашата адреса, телефонски број, и адреса на електронска пошта, и сите други информации кои се разумно доволни за да овозможите P&G да ве контактира;

  5. ваша изјава дека искрено верувате дека спорната употреба не е овластена од страна на сопственикот на авторските права, неговиот застапник, или законот;

  6. изјава од вас, дадена под закана од казна за лажно сведочење, дека горенаведените информации во вашето известување се точни и дека вие сте сопственик на авторско право или овластен да настапувате во име на сопственикот на ексклузивното право кое е наводно повредено.

Известувањата за тврдењата за повреда на авторските права треба да се упатени до:

По факс : (513) 945-6840

ВАЖНА БЕЛЕШКА : ПРЕТХОДНИВЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ ДАВААТ ИСКЛУЧИВО ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА PROCTER & GAMBLE ДЕКА ВАШИОТ АВТОРСКИ МАТЕРИЈАЛ МОЖЕБИ Е ПОВРЕДЕН. СИТЕ ДРУГИ ПРАШАЊА, КАКО ШТО СЕ ПРАШАЊА ИЛИ БАРАЊА ЗА ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА, ИЛИ ПРАШАЊА ЗА ПРИВАТНОСТА, НЕМА ДА ДОБИЈАТ ОДГОВОР ПРЕКУ ОВОЈ ПРОЦЕС

Назад на врвот.

Контактирајте нѐ

Ако со овие услови не се опфаќа вашето прашање, или ако сакате да пријавите повреда на нашиот Кодекс на однесување, ве молиме контактирајте нѐ на следниов начин:

Електронска пошта

Посетете ја www.pg.com и кликнете на линкот „Контактирајте нѐ" на дното на страницата.

Назад на врвот.

Наслови на ставови

Насловите на ставовите во овие услови се само за погодност и немаат правно дејство.

Назад на врвот.

Деливост

Доколку кој било дел или делови од овие услови се сметаат за неважечки, незаконски, неприменливи или во спротивност со законот на која било јурисдикција, таквиот став на ниту еден начин не влијае на спроведливоста на останатите делови.

Назад на врвот.

Авторски права 2001-2021 P&G. Сите права се задржани.